КАРПОШ ИЗБИРА НАЈДОБАР ЕКО-УЧИЛИШЕН ДВОР

148
КАРПОШ ИЗБИРА НАЈДОБАР ЕКО-УЧИЛИШЕН ДВОР

Заштитата на животната средина е една од основните цели на општина Карпош. Токму во таа насока, локалната самоуправа објавува јавен повик за избор на најдобро уреден училишен двор или дел од дворот.Уредувањето на училишен двор ја зголемува еколошката свест и потикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување.

 Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта.

 Затоа ги охрабруваме сите чинители, заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари (за прво место) и 50.000 денари (за второ место).

Рокот за аплицирање е до 17.05.2023 година.

Линк до Јавен оглас  – https://bit.ly/3TVr3xf 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПочна со работа Нега Центарот во Кисела Вода, услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници
Следно соопштениеСредба со жителите од Стар Караорман и Долни Балван – закана од уништување на Брегалница