КАРПОШ ЌЕ ПОСТАВУВА „РЕПЕЛЕНТ“ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА НА ЗМИИ

60
КАРПОШ ЌЕ ПОСТАВУВА „РЕПЕЛЕНТ“ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА НА ЗМИИ

 Во рамки на редовните пролетни активности, Општина Карпош и оваа година има ангажирано овластена фирма која се занимава со поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии. Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро кога се очекува да настапи стабилно и сончево време, службите ќе излезат на терен и ќе ја спроведат акцијата за поставување на ова заштитно средство. Инаку, „Репелент“ ќе се поставува околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквените места на територија на Карпош. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за реализацијата на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема за 2025 година
Следно соопштениеДенот во 60 секунди – 440 милиони денари за поддршка на спортот, 100 милиони денари за нови униформи за војниците, зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе се градат