КАРПОШ КРЕВА ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

134
КАРПОШ КРЕВА ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве активно учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на Макпетрол „Крени глас против врсничко насилство“. Имено, основците и стручните служби во училиштата  учествуваат во работилници кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со причините, последиците како и со начините на кои што можат да се справуваат со булингот.

За поефикасна реализација на оваа кампања, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и директорката во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска, во декември минатата година потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.

Целта на овие активности е да се подигне свеста меѓу учениците, дека последиците од врсничкото насилство не можат да се санираат, но можат да се превенираат. Оттаму, стручните лица упатуваат порака до пошироката јавност дека секој има можност да избере – дали ќе молчи и ќе го игнорира врсничкото насилство или ќе крене глас и ќе разговара за него. Притоа, тие ги охрабруваат жртвите  на врсничко насилство да побараат помош, да разговараат со родителите, професорите или училишниот психолог, односно педагог.

Сите оние кои сакаат да ја подигнат свесноста за оваа социјална аномалија и да направат промена, можат да ја посетат официјалната веб-страница на кампањата www.kreniglas.mk   

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИдната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе издавање на градежни дозволи без човечко влијание за корупција и ќе ја поврзе Македонија со нови автопати и експресни патишта
Следно соопштениеТепање полицајци и попречување акција против дрога, МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски?