КАРПОШ ПИЛОТ ОПШТИНА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „EXCITE“

124
КАРПОШ ПИЛОТ ОПШТИНА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „EXCITE“

Денес во Општина Карпош присуствуваа национални и меѓународни консултанти за ЕЕА методологијата според која општината ќе добие меѓународно Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward) и ќе влезе меѓу Европските општини кај кои веќе се имплементира оваа методологија.
Настанот беше реализиран во рамки на проектот „Excite – Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа“ кој има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020. Во Македонија се спроведува од страна на Хабитат Македонија, а Општина Карпош претставува пилот општина. На средбата присуствуваа претставници од енергетскиот тим на општината во рамки на проектот ЕКСАЈТ, раководители од неколку сектори од општината, како и претставници од советниците, граѓанскиот сектор и бизнис секторот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОбразовни политики за доброто на нашето општество
Следно соопштениеНиколоски: Од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ никој не барал ништо од Стево Пендаровски, останува најголема алапача на македонската политичка сцена