КАРПОШАНИ ПОРАЗЕНИ НА КОШАРКАРСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО КИСЕЛА ВОДА

154
КАРПОШАНИ ПОРАЗЕНИ НА КОШАРКАРСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО КИСЕЛА ВОДА

Кошаркарската училишна екипа на Општина Карпош на денешниот финален дуел одигран во спортската сала„Независна Македонија“  беше поразена со 58:46 од екипата на Општина Кисела Вода.

Поголема подршка и мотивираност во решавачките моменти имаа домаќините на овој турнир и покрај неизвесноста во текот на целиот натпревар каде екипите беа израмнеио во поголемиот дел од мечот. На победниците заедно со освојувачите на второто и третото место им беа доделени пехари и дипломи за учество.

Идната недела, исто во рамки на манифестацијата Денови на Општина Кисела Вода ќе се одиграат одбојкарските натпревари за девојчиња(9 и 10 мај) и фудбал за момчиња(11 и 12 мај).

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за техничка исправност на вода за пиење » Општина Прилеп
Следно соопштениеЕУ потврди – пуштањето на законите за Бехтел и Енка со европско знаменце е злоупотреба