КАРПОШАНИ СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА СЕНЗОРНИ СОБИ ВО ГРАДИНКИТЕ

152
КАРПОШАНИ СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА СЕНЗОРНИ СОБИ ВО ГРАДИНКИТЕ

Седумте работни групи кои се состанаа во рамки на четвртата Форумска сесија која се одржа вчеравечер во ООУ „Лазо Трповски“, одлучија со мнозинство гласови да го поддржат проектот за изградба на сензорни соби во детските градинки на територија на општина Карпош. Имено, карпошани бираа меѓу петте проекти кои се најдоа на синоќешниот дневен ред, при што по образложените критериуми за избор, истите беа детално презентирани пред присутната јавност.

Поточно, станува збор за проектот за поставување на соларни панели на малите буџетски корисници, потоа, проектот за изградба на модерен училишен спортски центар во ООУ „Петар Поп Арсов“, проектот за реконструкција на спортската сала во ООУ „Лазо Трповски“, како и  проектот за опремување на лаборатории во кабинетите по Биологија.

Според бодувањето на седумте работни групи како што напоменавме, најголема поддршка доби  проектот за изградба на сензорни соби во предучилишните установи во Карпош. Овој проект треба да се имплементира во рок од шест месеци, по што ќе се одржи и завршната петта Форумска сесија, (кон крајот на годинава). Инаку, форумските сесии се одржуваат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ чии партнери се  Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОбука во ЦУК за развивање на комуникациски вештини и справување со стресни состојби на Е-112 оператори
Следно соопштениеМицкоски: Неговото дело е посилно од секој удар, од секоја поделба, идеалите на Делчев се живи, и тој столетен оган за слобода, независност и држава продолжува да пламти