Касами не дозволува македонските клубови да го користат стадионот

134
Касами не дозволува македонските клубови да го користат стадионот

Етнотрибалистичките испади на градоначалникот од Беса, Касами, не престануваат. Од ФК Тетекс денес објавија дека уште од февруари не им е дозволено да ги користат стадионите во Тетово, а ексклузивно право има ФК Шкендија.

Кога анти-државната Беса нема што да понуди за граѓаните, прибегнува кон етношовинизам, па така само ФК Шкендија има право да ги користи градските стадиони, додека ФК Тетекс и ФК Љуботен не добија ни образложение зошто не смеат да ги користат стадионите.

После скандалозно организираниот пречек на Курти од страна на Касами, не е изненадувачки ваквата дискриминација кон македонските клубови, од страна на потрошени политичари заглавени во идеи од минатиот век.

Левица го осудува ваквото однесување на Општина Тетово и Касами, особено во спортот и ќе ги поддржи македонските клубови на протест против локалната власт за ваквото самоволие!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈавен повик за субвенционирање на нови зелени површини на дворни места пред колективни станбени објекти на територија на општина Струмица за 2023 година – Општина Струмица
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ал Ахли пресилен, пораз за пелистерци на првиот меч во Добој