Денес во посета на МОК беше златниот кикбоксер Бобан Илиоски, нов светски шампион во дисциплината Лоу Кик, заедно со селекторот на националниот тим, Дејан Митровски – Урко. Во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија, во битката за светската титула, убедливо го победи Нурбек Уришбоев од Узбекистан.
