Кирсти Ковентри е избрана за прва жена претседател на ИОК

109
Кирсти Ковентри е избрана за прва жена претседател на ИОК

Со овие избори, Ковентри станува десеттиот претседател – прва жена на ИОК од основањето на олимпиското раководно тело во 1894 година. Претходно претседател беше Томас Бах кој ја извршуваше функцијата од септември 2013 година и се повлекува по завршувањето на осумгодишниот мандат кој беше продолжен за дополнителни четири години според прописите на ИОК.

Кирсти Ковентри беше една од седумте кандидати кои се кандидираа на овие избори, заедно со Себастијан Коу (Обединето Кралство, 68 години), Дејвид Лапартиент (Франција, 51 година), Моринари Ватанабе (Јапонија, 66 години), Јохан Елиаш (роден во Шведска, но има британско државјанство, 63 години) и шпанскиот кандидат Хуан Антонио Самаранч (65 години).

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО СТРАНСТВО, КАДЕ СЕ ЛЕКУВААТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Следно соопштениеИНСПЕКЦИСКИ КОНТРОЛИ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КАРПОШ