Ќе го продаде ли Дарко Костадиновски и Уставот за една професорска фотелја?

16
Ќе го продаде ли Дарко Костадиновски и Уставот за една професорска фотелја?

На 8 јули, Уставниот суд ќе расправа по иницијативата на Левица со која се оспорува одредбата од Изборниот законик што овозможува парламентарните партии да бидат различно третирани при финансирањето на изборната кампања. 

Поради оваа дискриминаторска одредба, Левица беше единствената парламентарна партија на последните парламентарни избори која, и покрај тоа што имаше пратеничка група, беше лишена од правото на средства за платено политичко рекламирање. На тој начин, ДПМНЕ и СДСМ, заедно со своите коалициски партнери, повторно си обезбедија привилегирана положба во изборната трка, додека единствено Левица беше ставена во нерамноправна позиција.

Со оваа седница ќе претседава Дарко Костадиновски. Истовремено, јавноста беше запознаена со сериозни индиции дека по завршувањето на неговиот мандат се подготвува негово вдомување на државен универзитет. Наместо да ги отфрли ваквите сомнежи, Костадиновски одговори дека изборот каде ќе ја продолжи својата кариера бил негово лично право. 

Дали претседател на Уставниот суд, кој треба да одлучува за предмет што директно ги засега владејачките партии, воопшто смее да остави простор за сомнеж дека неговата иднина зависи од истата таа власт? Сепак, станува збор за човек кој денес претендира на универзитетска катедра, а зад себе има едвај четири објавени научни труда – академски опус кој е неспоредлив со критериумите што ги исполнуваат универзитетските професори, а уште помалку претседателите на уставни судови.

Уставниот суд е последната институција што смее да биде под каков било сомнеж за политичка зависност. Кога неговиот претседател наместо да ја штити сопствената непристрасност, остава простор за сомнеж дека ја користи функцијата како отскочна штица за следната државна позиција, тогаш не е доведен во прашање само неговиот личен кредибилитет, туку и довербата во институцијата што треба да биде чувар на Уставот. Особено кога токму тој ќе претседава со седницата на која ќе се одлучува за одредба што директно им оди во прилог на ДПМНЕ.

На 8 јули Уставниот суд ќе има можност да ја укине одредбата со која ДПМНЕ и СДСМ со години си обезбедуваат привилегирана положба во изборниот процес. Одлуката што ќе ја донесе Судот, под претседателство на Дарко Костадиновски, ќе биде најдобриот показател во чиј интерес постапува.

The post Ќе го продаде ли Дарко Костадиновски и Уставот за една професорска фотелја? first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштение„Месеци на практикантство“ конкретна мерка преку која студентите ќе стекнат практична работа и искуство, а општините ќе обезбедат нова енергија, идеи и кадар
Следно соопштениеПартнерите СДС, Левица и ДУИ да се договорат што сакаат и да изградат единствен став, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара на секое прашање важно за политичкиот систем