Клучот од градот во рацете на карневалџиите – Започна Струмичкиот карневал 2026

49
Клучот од градот во рацете на карневалџиите – Започна Струмичкиот карневал 2026

Свечениот чин на примопредавањето започна од пред општинската зграда и се одржа на градскиот плоштад, во карневалска атмосфера и со присуство на поголем број граѓани, поддржувачи и почитувачи на оваа вековна струмичка традиција.Градоначалникот Јанков клучот од градот и го предаде на Танкица Стојанова, претседателка на Организациониот одбор на карневалот и на сите учесници во годинашното карневалско издание им посака добра забава.

-Со предавањето на клучот на карневалџиите започнува карневалската недела во Струмица и со тоа владеењето е во нивни раце се до траењето на Карневалот. Деновиве не очекува интересна програма организирана од карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко карневалско чудо, рече во своето обраќање градоначалникот Јанков.

Карневалската атмосфера од плоштадот продолжи во Градската уметничка галерија, каде беше отворена изложба на карневалски маски на нашиот сограѓанин Цветко Багашовски кој годинава одбележува 35 години учество на Струмичкиот карневал.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Никола Граховац до крајот на сезоната ќе игра за Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ со 40 амандмани го заштити зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?