Со потенцијалниот коалициски партнер на ДПМНЕ се продолжува по теркот на ДУИ.
Имено, станува збор за употреба на огнено оружје при прослава по прегласувањето на избирачко место 2101 во село Ларце општина Желино, од страна на членовите на коацијата Вреди.
Левица најстрого го осудува чинот на употреба на огнено оружје и сметаме дека тоа треба да биде строго контролирано и неговата распространетост да биде ограничена.
Оттука го повикуваме техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски да го истражи случајот во најбрз можен рок и да се идентификуваат лицата кои користеле огнено оружје и да утврди дали поседуваат соодветна документација за поседување и употреба на истите.
Овој чин на несовесна употреба на огнено оружје ја загрозува јавната безбеност и загрозува голем број животи. Прославата никогаш не треба да биде по цена на загрозување на животи и повикуваме во иднина да се стави крај на вакви нецивилизирани инциденти.