Кога добрината ја разубавува матурската вечер

78
Кога добрината ја разубавува матурската вечер

„Секогаш ми беше чест да помогнам на тие што немаат можност,“ вели Радица – млада девојка од Скопје, која во мај направи гест што остави трага во срцата на неколку матурантки.

Во месецот на матурските забави, кога сè е насочено кон убавината на еден незаборавен момент, Радица реши да подари нешто повеќе од само шминка – подари внимание, грижа и љубов.
Таа, која своето детство го поминала во СОС Детско село, добро знаеше колку значи да имаш некого што верува во тебе и ти подава рака кога најмногу ти треба.

Завршувајќи професионален курс за шминкање со поддршка на СОС Детско село,преку JEEP проектот, Радица стекна нова вештина. Но, наместо веднаш да ја претвори во приход, таа избра да ја претвори во поддршка – и тоа токму за девојчињата кои не можеа да си дозволат професионално разубавување за својата матура.

„Почнав да шминкам девојчиња како подарок, за да се чувствуваат и тие посебно. Знам колку е важен тој ден за секое девојче – да се чувствува убаво, сигурно и посебно,“ Јас самата сум поминала низ моменти кога поддршката ми значеше сè, па сега со радост ја дадов на тие што им беше најпотребна,“ објасни Радица со скромност, но и со искрена емоција во гласот.

Нејзиниот гест беше потсетник дека убавината навистина доаѓа одвнатре – од добрина, емпатија и искуство што го претвора болното минато во инспиративна сегашност.

The post Кога добрината ја разубавува матурската вечер appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕкономскиот пустош кој СДС го остави се средува, за прв пат има последователен раст на БДП од 3 или над 3%
Следно соопштениеЦените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите