Комеморација за Насе Насев – Олимписки Комитет на С. Македонија

151
Комеморација за Насе Насев – Олимписки Комитет на С. Македонија

Утре во 12:00 часот во конференциската сала на спортскиот центар „Јане Сандански “ ќе се одржи комеморацијата за доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев, кој почина во својата 80-та година, по кратко боледување. Насев беше спортски директор во Македонскиот олимписки комитет и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

Ве покануваме заедно да искажеме последна благодарност и љубов кон нашиот колега и пријател и да ја спомнеме неговата големина преку нашите сеќавања за него.

Насев ќе биде погребан денес во 15 часот на гробиштата во Кочани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАЛЕНДАРИ – СЕЗОНА 2023/24
Следно соопштениеГрадоначалникот Костадинов на првачињата им ја подари претставата „Пат околу светот“ – Општина Струмица