„КОМЕНСКИ“ И „ ТАСЕВСКИ“ ВО КОШАРКАРСКОТО ФИНАЛЕ ЗА ОВАА ГОДИНА

92
„КОМЕНСКИ“ И „ ТАСЕВСКИ“ ВО КОШАРКАРСКОТО ФИНАЛЕ ЗА ОВАА ГОДИНА

Одиграни се полуфиналните кошаркарски натпревари меѓу основните училишта во Општина Карпош. Најубедлив на теренот беше екипата на „Јан Амос Коменски“ која во дуелот со основците од „Војдан Черднодрински“ успеа да триумфира со сигурни 56-31 поен. Втората екипа која се пласираше во финалето беше кошаркарскиот тим од ООУ „Владо Тасевски“ кој ги надигра своите противници, основците на „Петар Поп Арсов“ со конечен резултат 44-33.

 

Големото финале ќе се одигра утре ( 9 април) во малата сала на СРЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 12 часот. Натпреварот за трето место ќе се одигра во 11 часот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски: Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени во државата
Следно соопштениеКовачевски: Благодарение на лидерството на СДСМ, денес Македонија е стабилна, безбедна земја, членка на НАТО со отпочнати преговори со ЕУ