За 6️ месеци, 6 пати се дава едно исто ветување за договорот за платите на здравствените работници кое ниту денес не е реализирано
6️ месеци игнорантски однос и пазарења со хероите на пандемијата за денес повторно да видиме дека преговорите се на нулта позиција како на самиот почеток
Внимателно ги следиме сите информации кои пристигнуваат до нас од нашите колеги за притисоци, закани и мобинг со кои се соочуваат во неколку јавни здравствени установи во однос на искажувањето незадоволство од нереализираните ветувања и најостро ги осудуваме заради тоа што тоа е недозволиво
На нашите колеги кои имаат потреба од правна помош за повреда на нивните права/притисоци/мобинг и слично, им стоиме на располагање преку бесплатно
обезбедување правна помош на следниот маил:[email protected]
Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека постојниот анекс на договорот за кој се преговара е понижувачки и потценувачки и не кореспондира со барањата на здравствените работници, туку лични ставови само на поединци од причини познати само на нив, но и на целата здравствена фела.
https://www.facebook.com/KomisijaZaZdravstvoVMRODPMNE/posts/pfbid0378Guz3tmQ1ZF5DdnahStzYVwJcK9bzZ1cAEAtLpPDDpS8CnmxUdkFG5WaMUyndKsl