концерт на “Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден

139
концерт на “Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден

По повод првиот ден од учебната година Општина Кисела Вода ги поканува сите основци и нивните родители и блиски на концерт насловен “Музички волшепства” а во изведба на Продукција Триангл Пулс.

 Овој иновативен и оригинален музички перформанс има едукативен карактер кој преку игра и песна го доближува до младата публика и ја буди нивната фантазија. Настанот на кој учество ќе земат и ученици од ООУ„Климент Охридски“, ООУ„ Рајко Жинзифов“ и ООУ„Кузман Шапкарев“ е ¬ во организација на Општина Кисела Вода. закажан за во петок, 01.09.2023, во 19:00 часот во Паркот на бранители во населбата Драчево.

Продукција ТРИАНГЛ ПУЛС Скопје e составено од профeсионални музичари и соработници. Во период од 10 години од своето постоење има реализирано повеќе од 1700 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории.
Бидете дел од првиот училишен ден на учениците од основните училишта од општина Кисела Вода!

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМакедонија со победа против Данска го започна ЕП во Скопје
Следно соопштениеОдржан музичко-поетскиот настан во рамките на Денот на македонско – италијанското пријателство – Општина Струмица