Коњановски: Ќе ги слушнеме сите ваши идеи и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Македонија за сите

137
Коњановски: Ќе ги слушнеме сите ваши идеи и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Македонија за сите

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од градоначалникот Тони Коњановски беше во посета на населбата Горно Оризари во Битола. Ова е активност во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија за сите“.

„Овде сме да ги слушнеме вашите идеи, заложби, сето она разнебитување на Македонија по сите основи и да кажеме што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ како партија која потекнува од народот, која знае како се работи и која докажала дека ја гради државата. Секако тука сме и како дел од локалната самоуправа иако знаете општината е отворена секојдневно за вас“, рече на средба со граѓаните градоначалникот Коњановски.

Коњановски посочи дека сега се тргнува во победа за Македонија, држава без афери, судство како што доликува со правда за сите.

„Македонија ќе ја поставиме и ќе ќе биде држава на темелите на кои треба да биде, држава која никој нема да ја погазува. Ова е кампања за сите, правда за сите и како што се нарекува и кампањата Македонија за сите, така и ние ќе направиме Македонија да биде место за живеење на сите“, заклучи градоначалникот Коњановски на средба со граѓаните од населбата Горно Оризари.

https://www.facebook.com/watch/?v=1587019518484867

Коњановски: Ќе ги слушнеме сите ваши идеи и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Македонија за сите

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ е против стратешкиот проект за коридорите и против американската Бехтел
Следно соопштение22 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ