Општина Битола, додека ги завршува подготовките за отпочнување на непречено функционирање на прифатилиштето за бездомни кучиња, констатира нов проблем на неодговорно сопствеништво, што деновиве предизвика страв и паника кај неколку граѓани. Во пријавените случаи, агресивни кучиња се испуштаат низ улиците или пак, милениците се изложени на нехуман и неправилен третман, што може да претставува и потенцијална опасност. Пријавениот случај во паркчето во близина на Центарот за јавно здравје Битола, предизвика вознемиреност и итен аларм за постапување, затоа што станува збор за напад врз наша сограѓанка од страна на куче со ремче без сопственик, а поради агресивноста на истото граѓаните кои се затекнале на местото на настанот, не можеле да го совладаат. Кучето гравитирало на територија ул. Димче Лахчански – Нов Пазар – Парк на улица Цар Самуил, поради што голем број од граѓаните во овој дел живеат во страв поради нова опасност. Општина Битола, веднаш ги презеде потребните мерки согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита и благосостојба на животните и испрати Налог за постапување до ПРОВЕТАЛЕК ДООЕЛ увоз-извоз Новаци, кој деновиве врши проверки на посочената локација со цел кучето да биде заловено и соодветно третирано согласно член 28 (Бездомни кучиња) од споменатиот закон, каде што стои: општината е надлежна да врши собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрираните кучиња и регистрирани кучиња доколку се затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и повремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта. Дополнително, до општината испратени се и фотографии на кои јасно се гледаат големи и опасни кучиња од […]
Извор на соопштението