Честитки за стекнатите дипломи на Меѓународниот балкански универзитет. Дипломирањето претставува значаен чин во комплетирањето на академското образование, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на свечената церемонија по повод доделување дипломи на студентите од Меѓународниот балкански универзитет. Континуираната стручна надградба е клучна во секоја област, а особено во областа на медицината и токму затоа Министерството е посветено на професионално доусовршување на здравствените работници.
![КОНТИНУИРАНАТА СТРУЧНА НАДГРАДБА Е КЛУЧНА ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ, ОСОБЕНО ВО МЕДИЦИНАТА КОНТИНУИРАНАТА СТРУЧНА НАДГРАДБА Е КЛУЧНА ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ, ОСОБЕНО ВО МЕДИЦИНАТА](https://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2023/06/Min-foto-fakultet-2-1024x683.jpg)