Денеска во присуство на заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, конзули и почесни конзули во Република Македонија, Градоначалникот Тони Коњаноски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, претставници од бизнис заедница, ректори, декани, професори и претставници од невладиниот сектор, се оддржа конференција посветена на промоција на конзулите, функцијата конзул и почесен конзул со наслов “Конзулски мозаик“ во Градот на конзулите. На конференцијата зедоа учество Почесните конзули: Калиопа Кривашија Стилиновиќ – Почесен Конзул на Р. Франција, Марко Андонов, Почесен конзул на Грузија, Михајло Филев, Почесен конзул на Р. Србија во градот Охрид и Марјан Бојаџиев, почесен конзул на Унгарија и ректор на Американ Колеџ во Скопје. Конференцијата започна со едноминутно молчење и оддавање почит на Силјан Мицевски кој од 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија бил назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги поздрави присутните, потенцирајќи ја важноста на оваа конференција за зајакнување на меѓународната соработка: „Верувам дека со денешните говори и дискусија, ќе отвориме многу прашања важни за конзулското делување, за моменталните состојби и идните планови, кои преку вмрежување и континуирана соработка, секогаш можат да дадат голем придонес за културно – туристички и економски напредок. Стремежот за создавање на подобри услови за сите граѓани, како и европската перспектива на Македонија, најуспешно се остваруваат низ конструктивност, дијалог, соработка, добро планирање и инвентивност. Битола е град кој повторно станува привлечно место за инвестиции и на тој начин се придонесува за зајакнување на локалната економија и подобрен животен стандард. Ваквата конференција […]
Извор на соопштението