Коруптивната матрица на СДС продолжува, со изборот на Петар Мантев за кандидат во Неготино

64
Коруптивната матрица на СДС продолжува, со изборот на Петар Мантев за кандидат во Неготино

СДС повторно настапува со истите луѓе и истите структури кои нема да донесат промени и прави обид за убедување дека “ново лице“ значи и нов почеток-но вистината е поинаква.

СДС со изборот на Петар Мантев за кандидат за градоначалник во Неготино, ја нуди истата програма под друго име, со истата позадина и нуди кандидат печен по старата коруптивна матрица на Заев и Филипче.

Досегашната политика на СДС е препознатлива по еден единствен модел-распродажба на јавните ресурси, корупција, нефункционални проекти и немање одговорност кон граѓаните.

Неготинчани се сведоци на неуспешни и нереализирани проекти, канализационен систем во лоша состојба и на афери кои што штетат на репутацијата на градот.

Граѓаните добро знаат што донесе СДС, а тоа е неспособност наместо развој, тендери наместо јавен интерес и скандали наместо решенија, СДС го направија Неготино симбол за партиска корупција.

Реновирање на спортската сала која наликува на оставен градилиштен скелет, “дива“ канализација во Дуброво, која е резултат на диво раководење со општината, аферата со мазутот за ТЕЦ Неготино и многу други злоупотреби, се само дел од коруптивната матрицата на СДС, а сето тоа финансирано со народни пари.

Едно е јасно, дека станува збор за политички структури кои ја злоупотребуваат довербата на граѓаните за лични и теснопартиски интереси. Тие се дел од системот што го доведе Неготино во очајна состојба.

За СДС изгледа е доволно само кандидатот да знае каде е општината, а зад сцената да стои старата партиска машинерија, со истите ликови, истите интереси и истата алчност.

Но, граѓаните се свесни и нема да дозволат да се вратат во криминалната и корумпирана матрица од минатото, тие ќе го направат клучниот избор за кандидат кој работи во интерес на народот, кој нуди решенија и резултати и ќе ги води кон вистински промени.

Доста е од дежа-ву! Граѓаните не смеат да бидат плен на партиските експерименти на Заев и Филипче и да им се продава старата приказна како нова премиера.

Неготинчани заслужуваат иднина, а не распродажба, време е за град што се развива, а не за град што се уништува. Неготино заслужува чесна и одговорна локална власт.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПоттикнување на женското претприемништво и зајакнување на постоечкото
Следно соопштениеЕдна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, интерконектор за гас со Грција и јасен повеќе годишен план и стратегија за стабилен и независен енергетски сектор во служба на граѓаните