КОСЕЊЕ НА ТРЕВА И ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО У.З „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

61
КОСЕЊЕ НА ТРЕВА И ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО У.З „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

Работниците задолжени за косење на нараснатата  трева од зелените јавни површини, денеска работат во урбаната заедница „ Владо Тасевски“. Во рамки на нивните редовни активности и задолженија, општинските служби, по претходно утврден план и динамика на работа, ја косат тревата и ги отстрануваат тревните растенија по рабниците од тротоарите на локалните (сервисни) улици, кои се под надлежност на Општината.

Освен  на оваа локација, работниците ја косат тревата и на потегот од паркот во Козле (спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“) в долж улицата „Васил Чакаларов“, кон населбата Влае .

Тековно, работниците за одржување на чистотата и хигиената на улиците и јавните површини, секојдневно метат и го собираат малиот џебен отпад.

Како локална самоуправа, постојано апелираме за  поголема свесност и совесност во одржување на животната средина и  на нашиот заеднички  јавен и урбан простор.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГО ОБЈАВИ СПИСОКOT ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ БАРАЖ НАТПРЕВАР ПРОТИВ СЛОВАЧКА ЗА ПЛАСМАН НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Следно соопштениеОграничувањето од 500 метри не е доволно – Македонија има најлиберализиран пазар за коцкање во Европа Левица