Костадинов и Бочварски задоволни од реализацијата на капиталните проекти во Струмица – Општина Струмица

105
Костадинов и Бочварски задоволни од реализацијата на капиталните проекти во Струмица – Општина Струмица

Костадинов и Бочварски задоволни од реализацијата на капиталните проекти во Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. По кусиот разговор во кабинетот на тема подобрување на инфраструктурата во Општината, тие посетија неколку локации со завршени и започнати проекти кои се резултат на успешната взаемна соработка.

Еден од нив е новиот булевар „Братство Единство“ кој е во завршна фаза и пред официјално пуштање во употреба.

-Ова е огромно изборно ветување од локалните избори, а заокружено благодарение на многу силната соработка со министерството за транспорт и врски, предводено од министерот Благој Бочварски. Реализирањата на барањата и потребите на граѓаните и решавањето на предизвиците со коишто се соочувате, практично е невозможно доколку ја нема таа симбиоза којашто денеска ја гледаме и на која сме сведоци. „Братство Единство“ само по себе значи ново грло во Струмица, растеретување на сообраќајниот метеж кај Кванташки пазар за што имаме бројни реакции и тоа сосема оправдани од граѓанките и граѓаните на општина Струмица заедно со населените места, многу подобра комуникација со Просениково и со другите населени места во рамките на општините Василево и Босилово, развој на една од според мене најзначајните индустриски зони, овде околу Агроберзата каде што имаме преку 30 милиони евра инвестиции од домашни и странски компании и потенцијална можност за нови. Сведоци сме дека веќе со реализацијата на булеварот имаме градби од неколку милиони евра, оптимист сум дека ќе продолжат таквите инвестиции,  а дополнително се обезбедува подобра инфраструктура за огромните капитални проекти, како што е новиот градски пазар за кој сме во завршни разговори околу објавувањето на тендерската постапка, за кој е обезбеден буџетот благодарение на одлуките донесени од Советот на општина Струмица и да заокружам со уште еден голем проект којшто го имплементираме заедно со министерството за земјоделие, а тоа е регионалниот откупен центар за кој е многу веројатно локацијата да биде избрана токму во оваа индустриска зона, рече градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов и министерот Бочварски го посетија и населеното место Градско Балдовци каде што на барање на жителите се изведува атмосферска и фекална канализација на која досега се реализирани 70 проценти од градежните активности.

Градоначалникот Костадинов најави и изведба на атмосферска канализација во населеното место Муртино и реализација на уште еден голем капитален проект ветен на локалните избори, а тоа е улицата „23 Октомври“ која ќе го поврзе едниот со другиот крај на градот долж новата зона кај Касарната во којашто живеат и функционираат неколку илјади граѓани со што ќе се растерети сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСААТ КУЛАТА ОСВЕТЛЕНА ВО БОИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ
Следно соопштениеОд едицијата „Собрани дела на Пендаровски“ денес ќе потсетиме на неговиот речник, од кој и тој и СДС треба да се срамат