Костовски: ДАНЕЛА ПОЧНА ДА ЛАЖЕ И БЕЗ ЕЛЕМЕНТАРЕН ОСЕТ, на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на маркиците за градба на згради, таа само повтори што кажав јас

103
Костовски: ДАНЕЛА ПОЧНА ДА ЛАЖЕ И БЕЗ ЕЛЕМЕНТАРЕН ОСЕТ, на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на маркиците за градба на згради, таа само повтори што кажав јас

ДАНЕЛА ПОЧНА ДА ЛАЖЕ И БЕЗ ЕЛЕМЕНТАРЕН ОСЕТ!

Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив!

Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа.

Имено на мое излагање пред медиумите на 09.03.2023 година јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15.03.2023 со седницата на Советот на Општина Бутел.

На Арсовска и требаа неколку дена, односно на 11.03.2023 да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе јас го кажав. Па потоа да ги извести медиумите дека маркиците биле отстранети по нејзина иницијатива. Тешка лага, веројатно веќе и својствено за неа.

И да повторно ќе порачам. Општина Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на општина Бутел имаат Градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во општина Бутел!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid033wheLqbdfKizPKvT54SaaApR6xkT2jSGr4Cktq2jhcy25ve7a3sLJzBCpTEH18SKl&id=100063950460737&mibextid=qC1gEa

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЃорчев во Европскиот парламент во Стразбур, се обрати за демографијата
Следно соопштениеМицкоски до Ковачевски: Го вовлекуваш своето семејство во политички невкусни шеги, друг пат пред да кажеш нешто размисли, реалноста во Македонија е катастрофална, државата се распаѓа