Ковачевски и Меџити ем не набавуваат лекови за болните со цистична фиброза, ем ги навредуваат

185
Ковачевски и Меџити ем не набавуваат лекови за болните со цистична фиброза, ем ги навредуваат

Министерот за здравство Фатмир Меџити, и Владата предводена Димитар Ковачевски, наместо грижа за граѓаните и пациентите почнаа да ги навредуваат.

Меџити и Ковачевски наместо да направат се пациентите со цистична фиброза да добијат лек тие ги навредуваат, односно си поигруваат со нив.

Меџити, пациентот со цистична фиброза кој побара лек „Трикафта“ и кој се обрати на социјалните мрежи за да ја алармира јавноста, бидејќи очигледно не може поинаку, денес го нарече шоумен. Меџити ова го посочи во интервју за еден медиум, а во истото интервју за пациентот и вели „како може да се слика на оддел, тоа е забрането да се сликаш по телевизии, по камери“.

Меџити е министер кој зема плата од пари на народот и за истиот треба да се грижи.

Димитар Ковачевски и Фатмир Меџити не само што не се грижат за пациентите, туку и ги навредуваат и си поигруваат со нив. Нивна работа е да има лекови, услови за лекување и медицински персонал, но тие за ова не се грижат.

Крај треба да стави, час поскоро на екипата целата елита предводена од Ковачевски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВо попладневите часови, Скопје го зафатија обилни врнежи, а не беше поштедена ниту Кисела Вода
Следно соопштениеЦелосна реконструкција на “Вера Јоциќ” со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг