Ковачевски ниту работа врши, ниту атер крши, 6 години е на власт СДС уште нема закон за потекло на имот

162
Ковачевски ниту работа врши, ниту атер крши, 6 години е на власт СДС уште нема закон за потекло на имот

Ковачевски ниту работа врши, ниту атер крши, 6 години е на власт СДС уште нема закон за потекло на имот.

Пред Ковачевски да продава магла дека ќе испитува имот на вработените во Царинската управа и УЈП, нека каже што ги спречувало до сега институциите да проверат имот на било кој вработен во државната управа или да отворат и истрага доколку тоа е потребно? Туку сега кога се соочува со штрајк, не знаејќи како да реагира да се заканува.

Добро е да се испита сечиј имот, ВМРО-ДПМНЕ е најгласна за тоа.

Пред се народот треба да знае како Ковачевски го стекнал својот имот.

Како го стекнал уделот во „Пиксел груп“, и за колку го отуѓил, дали сумата која ја добил е симболична или реална, ако е симболична која е позадината, ако е реална дали е пријавена.

Треба да се истражи зошто и како „Пиксел груп“ добивала државна помош, додека Ковачевски е функционер, а истата во тој момент е во посед на неговиот кум.

Народот мора да знае како сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за фотоцентрала, додека тој е премиер.

Јавноста има интерес да го знае потеклото на парите на Ковачевски, но и на сите функционери на власта.

Се додека нема детален ветинг на политичарите, другото е сеење магла.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОсвен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење
Следно соопштениеКорумпиран албански олигарх стои зад сомнителната продажба на Жан Митрев Клиниката