КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЈОУДГ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

2
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЈОУДГ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Во градинката „Орце Николов“ – клон „Први стапки“, се одржа работилница по повод издавање на сликовницата „Моето прво ателје – цртам, бојам, откривам“ од авторот Коста Михајлов.

 

Дечињата од градинката имаа можност да ја доживеат уметноста на многу сликовит начин затоа што преку цртање, боење, истражување и творење, работеа низ содржините од сликовницата.

Преку креативните и едукативните содржини од сликовницата, децата ја поттикнаа својата имагинација и творечко изразување.

Издавањето на сликовницата „Моето прво ателје – цртам, бојам, откривам“ од авторот Коста Михајлов е реализирано со финансиска поддршка од Програмата за култура на Општина Карпош.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче вели дека Кошта лаже дека ги спроведуваме реформите, притоа сам потврдува дека може да има блокади и во иднина
Следно соопштениеФилипче да престане да работи против македонските национални интереси