Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните

204
Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните

Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато.Дестани, човек на ДУИ  платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка.Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко.Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата.Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават.Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука.Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ.Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани.СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал.Одговорноста доаѓа по изборите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски за опожареното возило на Груби: Јавноста треба да знае дали постои или не постои скриен имот
Следно соопштениеНиколоски: Денес во Собрание ќе гласаме против уставните измени, НЕ за уцени и негирање