Кривична пријава од МВР против Градоначалникот Љупчо Папазов

142
Кривична пријава од МВР против Градоначалникот Љупчо Папазов

Деновиве беше објавена веста за поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена должност против градоначалникот Љупчо Папазов, а во врска со именувањето на в.д директор во СОУ „Гошо Викентиев“ спротивно од законските одредби.

Градоначалникот во допис до јавноста се правда дека на интерен оглас се пријавил само споменатиот кандидат.

Тоа што заборавил да го наведе е дека „единствениот кандидат“ му е зет за внука од прва братучетка.

Исто како што „заборавил“ да го испочитува Законот за средно образование во кој децидно е предвидено (чл. 91, став 3 и 4):

(3) По исклучок, доколку нема пријавено кандидат со положен испит за директор, за директор може да биде избрано и лице кое не положило испит за директор, но е должно истиот да го положи во рок од една година од денот на изборот за директор. (4) Доколку избраниот директор не го положи испитот за директор во рокот утврден во ставот 3 на овој член, му престанува мандатот на директор.

Левица го поздравува процесуирањето на кривични пријави во сите случаи во кои се назначуваат директори надвор од законската рамка.

Прашуваме: кога МВР ќе поднесе пријава и против в.д директорката на НУЦК „Бели мугри “, Ана Поп Михаилова која повеќе години управува со установата иако не ги исполнува со закон утврдените услови за тоа?!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО КОЧАНИ

09.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски: Го чекаме текстот од СДС на најавената Декларација за Илинден
Следно соопштениеИЈЗВА НА ДИРЕКТОРКАТА НА КИБФС, Д-Р МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ, ВО ВРСКА СО КОНГО-КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА