КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ – Karpos.gov.mk

18
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ – Karpos.gov.mk

Општина Карпош, во соработка со Организацијата на општинскиот Црвен Крст и Заводот за трансфузиологија на Македонија, организира крводарителска акција која ќе се одржи на 28.04.2026 година (вторник) во просториите на новата општинска зграда.

Општина Карпош е препознатлива по дарувањето на најголем број на крвни единици во што голем придонес имаат граѓаните од Карпош и Градот Скопје, институциите и организациите кои се на територија на општината, општинската администрација, вработените од основните училишта и детските градинки кои несебично учествуваат во месовното дарување крв.

Со цел што поголем број на дарувани крвни единици, Ве покануваме да бидете дел и оваа крводарителска акција на 28 април во период од 9 до 17 часот во новата општинска зграда.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАпел за поддршка за да се спречат катастрофи! Левица
Следно соопштениеПо насока на Заев, Филипче ја стави СДС во служба на туѓи политички агенди, наместо конструктивност и доверба кај граѓаните градат фронтови надвор со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ