Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска

42
Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска

Лицемерието на СДС продолжува.

Додека навидум изразуваат загриженост зад кулисите, надвор од очите на јавноста се расположени и лабави, уживајќи во придобивките на животот кој Зоран Заев им го донесе.

Оттука вчера на забавата на општина Центар каде пола раководство на СДС расположено играше и пееше сред Центар, Богданка Кузеска заборави дека не носеа маски и заборавија на паниката која ја шират и лажната грижа за граѓаните.

Ваквото лицемерие на СДС е прочитано од граѓаните.

Овие нивни прес-конференции кои се лажни, дволични се само одраз на забеганоста на нивното раководство кое додека штанца непромислени соопштенија и прес- конференции, не може да сфати дека не живееме сите на Марс како нивното раководство, и се гледаме низ Скопје, а гледаме и колку се загрижени за ситуацијата.

Тоа што е најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат за подметнатите пожари пред избори (кои никогаш ги немало минативе години). Е тогаш ќе им требаат маски бидејќи Идризово е блиску до Трубарево.

Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите
Следно соопштениеМанасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка од функцијата пратеник од морални причини