КВАЛИТЕТЕН ФУДБАЛ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ДЕНОВИ НА ОПШТИНА КАРПОШ

122
КВАЛИТЕТЕН ФУДБАЛ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ДЕНОВИ НА ОПШТИНА КАРПОШ

По повод Денови на Општина Карпош вчера се одиграа квалификациските натпревари во фудбалскиот турнир  на фудбалското игралиште во населбата Влае. На натпреварите имаше извонреден спортски дух и беа постигнати следниве резултати:

Петар Поп Арсов Аврам Писевски 5-0
Братство Вера Циривири Трена 5-0
Димо Хаџи Димов Јан Амос Коменски 3-0
Лазо Трповски Х.Т Карпош 3-2
Владо Тасевски Војдан Чернодрински 2-1

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 25 октомври, исто така на игралиштето во Влае кадешто со почеток од 10:45 ќе играат екипите на ООУ „Лазо Трповски“ наспроти екипата на ООУ „Владо Тасевски“, а во 11:15 силите ќе ги одмерат екипите на ООУ „Петар Поп Арсов“ и екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“, слободна е екипата на ООУ „Братство“. 

Големото финале во рамките од Денови на Општина Карпош е закажано в петок на 3ти ноември започнувајќи во 10:00 часот, на игралиштето во Влае.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеРејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови