„ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СЕ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНИ ВО КАРПОШ

6
„ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СЕ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНИ ВО КАРПОШ

Основците од ООУ „Лазо Трповски“ се овогодинешни фудбалски шампиони во училишните спортски лиги на Општина Карпош. Во последниот натпревар  од годишната лига тие одиграа реми 1:1 со своите врсници од ООУ „Христијан Тодоровски –Карпош“, но сезоната ја завршија  убедливо на првото место на финалната табела, сосема заслужувајќи ја титулата на фудбалски прваци. Претседателот на Советот на Општина Карпош Христо Саракинов, им го додели победничкиот пехар на шампионите и медалите на најдобрите учесници и им порача дека Општина Карпош, како институција, секогаш ќе дава огромна поддршка на развојот на спортот и спортските активности, особено на  младите генерации.

  • „Ние како локална самоуправа, секогаш го поддржуваме, а и во иднина ќе даваме поткрепа на развојот и унапредувањето на спортот и спортските активности, бидејќи истите придонесуваат за правилен психофизички раст и развој на нашите основци, а токму нашите млади генерации се темел на нашата здрава иднина. Ви посакувам големи спортски успеси и во иднина да се изградите како професионални спортисти, на национален и меѓународен план“- истакна Сарaкинов.

За најдобар стрелец на овогодишената  фудбалска  училишна лига беше избран Петар Николовски од „Војдан Чернодрински“, додека за најдобар играч е прогласен Давид Ночевски од „Лазо Трповски“. Признанието за најдобар голман отиде кај Михаил Јовановски од „Владо Тасевски“, а за најталентиран играч е прогласен Матеј Златановски од „Аврам Писевски“.            

Традиционално и оваа година, победничките екипи од фудбал, кошарка и одбојка во училишните лиги, како и прогласените најдобри индивидуални спортисти ќе присуствуваат на детски летен камп, од 16-22 јуни во Каливас, соседна Грција.                              

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСамо за да дојде на власт Филипче е спремен да го прифати секое барање на Бугарија и да ги распродава националните интереси, како што Заев би продавал лубеници на пазар
Следно соопштениеСкандалозна кандидатура за ДКСК – власта предлага кадар поврзан со прикривање на фирмата на Цвета Ристовска Левица