Левица ја поддржува јавната расправа за безбедност во сообраќајот Левица

8
Левица ја поддржува јавната расправа за безбедност во сообраќајот Левица

Пратеничката група на Левица на денешната собраниска комисија го поддржа барањето за јавна расправа за безбедност во сообраќајот. Дополнително, ја информираме јавноста дека пратеничката група на Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за воведување КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ за судиите.

Актуелните законски прописи оставаат простор за манипулација и донесување различни судски одлуки за сообраќајните несреќи кои завршувале со одземање на човечки животи.

Стоиме на ставот дека е неопходно не само последниот случај, туку и бројни претходни случаи кои не се расчистени или во кои правдата не е ни малку задоволена, да бидат ставени под лупа на јавноста и експертите. На овој начин ќе се лоцираат системските пропусти кои дозволуваат скандалозни судски пресуди за сообраќајни несреќи со смртни последици, кои завршуваат само со условни пресуди!

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОДОБРЕНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА, УНАПРЕДЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ УСЛОВИ
Следно соопштениеДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега