Левица од Кина: Нашето официјално име е Република Македонија!

167
Левица од Кина: Нашето официјално име е Република Македонија!

Деновиве во Пекинг се одржува Младинскиот форум за развој „МОСТ на иднината”, каде присуствува нашиот претседател на Црвена Младина – Марио ЈАНЕСКИ.

На почетокот на својот говор, Јанески потенцира дека ќе го користи единственото државно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ги замоли присутните да го користат тоа име.

За време на настанот, организаторите од Н.Р. Кина го користеа името Република Македонија, во духот на нивната политика на соработка помеѓу народите, без мешање во внатрешните работи на државите.

Сведоци сме на забрзана промена на геополитичката сцена и единствената визија за соработка меѓу нациите неминовно ќе биде градена врз принципите на меѓусебно почитување- наместо врз уцени, закани и санкции!

#СамоМакедонија

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.04.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски:Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и останатите малцинства, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати
Следно соопштениеКражба од сопственото културно богатство