Левица продолжува со трасирање на нов пристап во политиката преку својата посветеност кон транспарентноста во своето дејствување, за што потврдува и најновото истражување во областа на политичките партии на ИРИ. Истражувањето укажува на постојаност на Левица на водечкото место во однос на индексот на транспарентност, како минатата година, така и оваа.
Издвојувањето како најтранспарентна партија воопшто не е случајно. Како по ова мерило, така и по парламентарната активност, се обелоденуваат новите принципи на работа кои се фокусирани на јасноста, одговорноста и отвореноста со граѓаните – во отсуство на капацитет за одговор на овие предизвици во досегашната политичка пракса кај партиите.
![](https://levica.mk/wp-content/uploads/2023/08/369740551_873275114155554_1025051018251405336_n.jpg)
Како индикатор за состојбата на демократијата, процесот на подигање на степенот на отвореност кој ќе се одрази на сето политичко дејствување е тежнеење кон демократизација на процесите на одлучување и политичката репрезентација.
Во широк контекст и долгорочно, целиме кон промена на севкупната политичка култура која ќе биде ослободена од спрегите на корупцијата и криминалот и тенденцијата за таинственост и заговорничка природа.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
24.08.2023