Левица со приватна кривична тужба против режимската Канал 5 Левица

102
Левица со приватна кривична тужба против режимската Канал 5 Левица

Ја информираме јавноста дека правниот тим на Политичката партија Левица, до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе приватна кривична тужба против „Канал 5“ Телевизија, нејзиниот главен и одговорен уредник – Гоце Михајловски и новинарката од информативната редакција – Михаела Димовска, со која иницираме кривично гонење на пријавените.

Тужените се теретат дека, како соизвршители, во Вестите на Канал 5 противзаконски објавиле интерен партиски документ со степен на дверливост класифициран како деловна тајна, при што умислено го сториле кривичното дело „Неовластено објавување личен запис“, казниво по чл. 148 од Кривичниот законик, со запретена парична и затворска казна до една година.

Посочуваме дека, во време на тенденциозен и противзаконски медиумски бојкот кон Левица од страна на оваа непрофесионална телевизија со национална концесија, Левица ќе ги употреби сите правни средства кои ѝ стојат на располагање за остварување на правата за рамномерно политичко претставување кои ни следуваат согласно Изборниот законик.

Истовремено, ги повикуваме АВМУ, ДИК и другите надлежни институции да го мониторираат изборниот процес и да изрекуваат прекршочни глоби и санкции за непочитување на законските правила за водење фер изборна кампања.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМитева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак, огромна благодарност за поддршката
Следно соопштениеНептун и потрошувачите обезбедија 305.879,00 денари преку хуманитарната кампања “Заокружи Сметка и донирај за СОС Детско село”