По повод 105-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, упати честитка до Централниот комитет на КПК, изразувајќи искрени другарски поздрави и желби за понатамошни успеси.
Во честитката се истакнува историската улога на Комунистичката партија на Кина во националното ослободување, изградбата на Народна Република Кина и нејзиниот современ развој, како и достигнувањата во искоренувањето на екстремната сиромаштија, технолошкиот напредок, економскиот развој и унапредувањето на животниот стандард на стотици милиони луѓе.
Левица со почит ги следи искуствата и достигнувањата на социјализмот со кинески карактеристики и ја потврдува својата заложба за натамошно продлабочување на пријателските односи, политичкиот дијалог и соработката меѓу двете партии, врз основа на меѓусебно почитување, еднаквост, солидарност и независност.
Во услови на сѐ поизразени глобални предизвици, Левица останува посветена на градењето цврсти односи и размената на искуства со сродните социјалистички партии, како предуслов за заеднички политички развој и меѓународна соработка
The post Левица упати честитка до Комунистичката партија на Кина – 105 години посветеност на социјалистичкиот развој first appeared on Левица.
