Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

42
Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

СДС да не прави политички маркетинг од трагедијата во Кочани.

Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС.

Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани.

Лицемерни и срамни се фејзбук статусите на Филипче да глуми загрижен и пишува статуси за трагедијата во Кочани додека одмара на песочните плажи со парите на народот.

СДС да не прави политизација на трагедијата во Кочани, и да не се обидува да печали политички поени врз туѓата несреќа.

Предлог-закон на СДС е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка.

Предлог законот на СДС за Кочани експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии.

СДС да не обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политизација и злоупотреба на трагедијата во Кочани преку лошо напишани закони, неусогласени и политички мотивирани закони.

Извор на соопштението

Претходно соопштение(Целиот закон) СДСМ: Ова ќе беа придобивките за семејствата од Законот за Кочани кој ВМРО-ДПМНЕ го одби
Следно соопштениеОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година