Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

60
Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници. Ниту се загрижени, ниту ги интересираат граѓаните. Единствено што ги интересира е политичкиот ќар кој тие би го имале од одредена ситуација.

Виновници за разурнатото општество, лошото здравство, дебаклот на меѓународното поле, високата инфлација и нискиот економски развој се СДС, Филипче и неговиот ментор Заев.

Срамно е во вакви тешки моменти за сите граѓани, баш тие, СДС и Филипче, кои молчеа и се криеја за Модуларна болница, за Ласкарци, за Беса транс, за Онкологија, за неуспешноста со справувањето со КОВИД кризата, денес да зборуваат за морал и правда.

Упатуваме порака до СДС – Правда ќе има, одговорност ќе има!

Само што овој пат, правдата нема да е кабелот, ниту пајакот. Овој пат, правдата ќе биде име, а одговорноста – презиме!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПотребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани
Следно соопштениеИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ ,,ВИНГС” ВО КАРПОШ