ЛУКРОВСКИ ПОДЕЛИ 300 НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА МАЛИТЕ КАРПОШАНИ

51
ЛУКРОВСКИ ПОДЕЛИ 300 НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА МАЛИТЕ КАРПОШАНИ

Со широки насмевки, весели и среќни лица, учениците од ООУ ,,Аврам Писевски” во рамки на своето училиште го пречекаа градоначалникот Сотир Лукровски, при што му посакаа топло добредојде. По повод Новогодишните и Божиќните празници, Лукровски им подели 260 пакетчиња на сите основци од оваа училишна установа. Во оваа пригода, првиот човек на Општината им посака среќа, здравје, мир и благосостојба на сите дечиња во новата година.

 

                -Драги дечиња, денес би сакал да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, да бидете здрави и среќни, успешни во се што ќе посакате. Со овие пакетчиња, би сакале да внесеме малку радост во вашите домови и искрено ви пожелувам убаво да ги одбележите овие празници. – рече Лукровски.

 

                 Во рамки на претстојните празници, градоначалникот Лукровски подели уште 60 новогодишните пакетчиња на дечињата од населбата Нерези.

Извор на соопштението

Претходно соопштение„Ве чекам на нишан“ – СДСМ поднесе пријава до полиција за заканите од Героски
Следно соопштениеХајка на квислингот, Деспотовски продолжи со нападите врз СДСМ