Македонија ја победи Полска со 96:71

96
Македонија ја победи Полска со 96:71

Кошаркарите забележа значајна победа на теренот на Полска со 96:71 со што ги задржаа шансите за пласман на континеталниот собир во 2025 година.

Благодарение на одличната игра во одбраната и високиот просек на реализација, заминавме на паузата со предност од 9 кошеви. Одличното издание на нашите продолжи и во вториот дел. Домаќинот беше немоќен да парира. Најефикасен беше Ненад Димитријевиќ со 32 поени, седум скокови и осум асистенции. Итан Хап застана на 19 поени и седум скокови додека Стојан Ѓуровски обезбеди 17 поени. Кај Полска се издвои Михал Михалак со 20 поени.

Во вториот меч во групата, Естонија ја совлада Литванија со 65-59 и го запоседна врвот со максимален ефект. Македонија и Литванците имаат по една победа и еден пораз додека Полска е закована на дното без бод.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМаричиќ: ДПМНЕ нема план ниту намера за членство во ЕУ, скапо сме ги платиле нивните тврдења
Следно соопштениеАцевски: СДСМ е со став дека претседателот на државата треба се бира на непосредни избори