Македонија не ги отпочна преговорите не заради ВМРО-ДПМНЕ, туку поради криминалот и корупцијата на власта

104
Македонија не ги отпочна преговорите не заради ВМРО-ДПМНЕ, туку поради криминалот и корупцијата на власта

Во однос на изјавата на Ковачевски дека нема отворање на поглавјата поради некаква проруска коалиција можеме да заклучиме дека дефинитивно ја промашил терапијата. 

Отворање на поглавјата нема, не поради ВМРО ДПМНЕ туку поради епидемијата од корупција, и потрошените 500 милиони долари за некакви реформи после кои корупцијата расте, наместо да се намалува.

Нема преговори поради неказнетиот криминал, поради тендери за коридори чии подизведувачи се партиски фирми на власта, поради соларното броило и ширењето на бизнисите на Ковачевски и неговиот кум, поради милионите од РЕК и редица други скандали.

Инаку за се што се случува во судството и обвинителството виновни се СДС и ДУИ. Премиерот на СДС се прогласи за главен реформатор на судството. Кадрите на ДУИ и СДС се главните во судските лавиринти. Рускоска и Кацарска беа кадрите и ударната тупаница токму на оваа власт.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ е гнездо и засолниште на дилери со дрога, тие се опасност за децата
Следно соопштениеСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО УБЛАЖУВАЊЕТО НА АНТИМИКРОБНА РЕЗИСТЕНЦИЈА – Министерство за Здравство