Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН Левица

2
Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН Левица

Владата на ДПМНЕ продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад.

На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои поттикнуваат расизам и ксенофобија. Документот доби поддршка од 119 држави, додека Македонија, со срамното гласање „ПРОТИВ“, повторно ги поткопа своите антифашистички традиции.

Уште позагрижувачки е фактот што Македонија, преку својот претставник Душко Узуновски, се вброи во малцинството од 53 држави кои ја отфрлија резолуцијата, и тоа во година кога светот ја одбележува 80-годишнината од Победата над фашизмот. Со овој чин, Владата демонстрира дека не ги почитува жртвите на антифашистичката борба ниту вредностите на АСНОМ, кои се темел на нашата државност.

Ова е континуитет на поразителната надворешна политика која дозволи прифаќање на диктати од Бугарија, со кои се поткопуваат македонската историја и антифашистичкото наследство, и продолжува со ова отворено величење на нацизмот преку игнорирање на ваквите меѓународни иницијативи.

Левица повторно потсетува дека уште во 2022 година нашите пратеници предложија Резолуција против рехабилитација на фашизмот, но таа остана заклучена во фиоките на власта. Владата тогаш, како и оваа сега, го игнорира македонскиот народ, не признавајќи го неговото антифашистичко наследство.

Левица ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и единствениот политички субјект кој доследно ги брани антифашистичките вредности на Македонија. Време е да се стави крај на вазалскиот пристап во надворешната политика!

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ДИГИТАЛНА АЛАТКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО ГРАЃАНИТЕ И ЗАЕДНИЦАТА
Следно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТЦИЈА КИРИЛ ЛАЗАРОВ ГО ОБЈАВУВА СПИСОКОТ НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА СОБИР – Ракометна Федерација на Македонија