МАКЕДОНИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО!

16
МАКЕДОНИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО!

Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје и избори пласман во големото финале.

Во финалниот натпревар, нашите ракометарки беа поразени од селекцијата на Хрватска со резултат 28:26, по голема борба и неизвесност до самиот крај.

Со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, девојките достојно ја претставија Македонија.

На натпреварот присуствуваа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, како и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Браво девојки!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОпштина Струмица наградена за проектот „Вело Струмица“
Следно соопштениеВМРО-ОКГ се во паника штом ангажираната „Black Cube” фабрикува афери преку Алфа