Македонската делегација пристигна во Милано

86
Македонската делегација пристигна во Милано

Македонската Олимписка делегација е подготвена за нови спортски докажувања на меѓународна сцена. Четири натпреварувачи, шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски како Шеф на делегацијата, попладнево пристигна во Милано.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано во петок, 6 февруари, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Ќе започне во 20:00 часот по локално време.

Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

ТВ пренос во живо ќе врши Македонската Радио Телевизија, а за точните термини од настапите на нашите натпреварувачи, како и за сите други вести директно од терените ќе објавуваме на нашиот веб сајт како и на социјалните мрежи на МОК.

Линк до официјалната веб страна на ЗОИ 2026

https://www.olympics.com/en/milano-cortina-2026/schedule

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче – Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена
Следно соопштениеСтрумица со пример за одржлива иднина: Над 15 тони амбалажа рециклирана преку вендинг машини