Македонски Квалитет 2023 : Македонските успешни компании се нашите најдобрите амбасадори

142
Македонски Квалитет 2023 : Македонските успешни компании се нашите најдобрите амбасадори

Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија престижното Признание ,,Македонски квалитет 2023,, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори под покровителство на Претседателот на P.C.Mакедонија г-дин Стево Пендаровски.

Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а признанијата ги доделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски. Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинешните признанија за “Македонски квалитет 2023” се компаниите: “Виталиа Никола и др”, “Винарија Милев”, “Бучен Козјак ДОО”, “Рикомак”, “Сигма СБ”, “Еуро Консалт Плус”, “Кав Комерц”, “Агриа – Агроиндустриска Групација Велес”, “Центар за очи – Визиа” и “Билкилајф- центар за хербализам,туризам и одржлив развој”.

,,Овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку креираа своја специфична препознатливост во својот сектор и допридонесоа и за повисок економски раст и промоција на нашата економија со нивната препознатливост да креираат квалитетни производи и услуги. Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во економскиот развој, иновациските процеси, технолошките достигнувања и подобрувањето на целокупниот амбиент како и целокупното ниво на нашата економија. Тие на најдобар можен начин ја претставуваат енергијата на претприемачкиот дух и во суштина го стимулираат економскиот развој,,истакна Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеСоветот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и третата пленарна седница