Македонските каратисти кои ќе настапат на Европско првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, сами ќе си ги плаќаат трошоците за пат и сместување. Карате федерацијата на Македонија, исто како и за јуниорското и кадетско Европско првенство во Кипар, што се одржа во февруари, не обезбедила средства од Министерството за спорт.
Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ упорно ги игнорира и омаловажува индивидуалните спортови, оставајќи ги спортистите без основна поддршка. Наместо државата да стои зад нив, тие се принудени сами да плаќаат за да ја претставуваат Македонија.
Апсурдно е спортисти кои ја носат државата на меѓународна сцена, а при тоа се враќаат со медали, зашто каратето е еден од малкуте трофејни спортови во нашата земја, да бидат ставени во позиција да плаќаат за тоа. Ова е срам и доказ за целосна негрижа и погрешни приоритети.
Левица прашува дали доколку каратистите од Франкфурт се вратат со медали ќе им биде организиран свечен прием од министерот Ристовски, исто како што беа пречекани јуниорите од Кипар, кои се вратија со злато за Македонија. Дали не е лицемерно да се пуштаат спортистите на европски па и светски првенства без денар даден од државата, а потоа државата да си ги припишува заслугите?
Држава што не вложува во своите спортисти – нема иднина.
