МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ШИРАТ “ЉУБОВ ЗА КАРПОШ“ НА ГРАДСКАТА АПРИЛИЈАДА

64
МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ШИРАТ “ЉУБОВ ЗА КАРПОШ“ НА ГРАДСКАТА АПРИЛИЈАДА

По повод педесетгодишниот јубилеен роденден од формирањето на Општина Карпош, вкупно 50  деца од сите основни училишта на територијата на општината,  учествуваат во групната маска со костим-срце  – „Со љубов од Карпош“, на традиционалната градска манифестација, организирана од Детскиот културен центар „Карпош“,а под покровителство на Град Скопје по повод 1 Април- Денот на шегата.  Пред да заминат на централната манифестација, градоначалникот Сотир Лукровски, ги поздрави основците од училиштата во Карпош, им посака многу среќа во презентацијата на маската и истакна дека образованието на младите карпошани е важен фактор во изградбата на нивната личност и дека Општината и понатаму ќе инвестира во образованието како важен сегмент од развојот на локалната самоуправа.

-Ми претставува огромна чест и задоволство што денеска, токму вие, сте ни гости во нашата општинска зграда и јас како домаќин ви посакувам многу среќа, радост и успех при презентацијата на заедничката маска, која ја претставува нашата Општина Карпош на дефилето оваа година, по повод денот на шегата- Први Април. Вие, нашите најмлади  жители, основци од Карпош, сте нашата сила и енергија. Вие ни ја давате и мотивацијата  Општина Карпош да ја водиме просперитетно и да ја направиме развиено и убаво место за живеење, – истакна првиот човек на локалната самоуправа, Сотир Лукровски.

Оваа традиционална манифестација „Априлијада“ е наменета за децата, родителите и пошироката јавност и има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеноста, шегата и дружењето.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг
Следно соопштениеМВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?